(ФОТО ВЕСТ) СКОПЈЕ СÈ УШТЕ ТОНЕ ВО ЃУБРЕ, СМРДЕАТА СТАНУВА НЕПОДНОСЛИВА: Најавија чистење, но на терен ги нема
Објавено во: Македонија 11 Јули, 2023
Скопје и утринава
се „гуши“ во сметот од преполните контејнери. И покрај тоа што уште во текот на
вчерашниот ден беше најавено дека вработените во Комунална хигиена ќе излезат
на терен и ќе почнат да расчистуваат, утринава, ситуацијата е по старо како во
изминатите денови.
Контејнерите не само што се преполни, ѓубрето е распослано и околу нив, па дури и во тревните површини.
Професорот Драган Даниловски предупреди на ширење на зараза, пред се поради тоа што вака оставено ѓубре кое гние со денови под жешкото летно сонце е огромен извор на опасни болести.
Ваква глетка регистрираше утринава фотоапаратот на Фактор.