(ФОТО-ВИДЕО) Морбидни снимки од Калифорнија: Пожари голтаат се пред себе, најмалку 10 мртви
Објавено во: Свет 10 Октомври, 2017
Најмалку 10 лица настрадаа во десеттина шумски пожари кои брзо се шират во лозарскиот дел на сојузната американска држава Калифорнија, а стотици куќи се уништени.
Најмалку 100 лица се повредени во пожарите кои беснеат во Северна Калифорнија.
Повеќе од десет пожари поттикнати од силен ветар се ширеле низ лозарските насади на Калифорнија.
Таму се уништени повеќе од 1 500 куќи и бизнис простори а околу 20 000 луѓе морале да бегаат од чадот и пламените јазли.
Шефот на пожарникарната служба на Калифорнија рекол дека процената на штетата е конзервативна и дека пожари има во осум окрузи во Северна Калифорнија вклучувајќи го округот околу Напа, Сонома, и Јуба.
Во тие три окрузи е прогласена вонредна состојба.