(ФОТО-ВИДЕО) Заев: Граѓаните се на прагот да добијат нова реформска Влада
Објавено во: Македонија 27 Мај, 2017
Пречекан со овации и бурен аплауз и придружуван од некогашниот претседател на СДСМ Бранко Црвенковски, лидерот на СДСМ влезе во салата каде неговата партија го одржува 22 от конгрес.
На почетокот на говорот Заев им се обрати на присутните гости од ЕП, министри од пријателски земји, претседатели на сестрински партии и сопартијци, граѓани и делегати и обраќајки му се на Бранко Црвенковски со претседателе го отвори конгресот.
Заев рече дека граѓаните на Македонија се на прагот да ја добијат новата реформска влада, по речиси 11 години неметнат режим.
„Пред нас се отвора широко поле на можности за обнова на општеството и на нашите животи“.
Денес до граѓаните Заев изрази длабока почит .
“Верувам и знам дека не сум сам во таа верба, дека различностоте се наша сила. Иако е ова партиски Конгрес ќе се обратам до сите граѓани на Македонија, затоа што победивме заедно. До нив изразувам искрена благодарност не затоа што го поддржаа Зоран Заев, туку затоа што одбраа демократски промени наместо режим“, рече лидерот на СДСМ.
Меѓудругото Заев посочи дека со сета сила ќе се бори против поделбите кои го ослабнаа општеството и побара доверба .
„Нема да дозволиме да се повтори злото што ВМРО-ДПМНЕ им го направи на граѓаните и државата. Веруваме дека секој е важен и нема некој поважен од друг. Свесен сум дека имаме големи предизвици во економскиот ќорсокак, изгубената демократија и ќорсокакот во кој се наоѓа Македонија. Затоа отвараме општество на можности, можности за сите. Доста е од реваншизам што не враќа.назад. Тоа се западните вредности и нашите определби, спротивни на раздорот и конфликтите кои до сега го кочеа напредокот на Македонија“, истакна Заев.
Тој се обврза и ги повика сите да му се придружат во обврзувањето и да обезбедат Живот во Македонија за сите.