(ФОТО) ВО БиХ ЛЕТАА ПОКРИВИ: Во некои села има наноси од по два метри снег
Објавено во: Балкан 06 Февруари, 2020
Врнежите од снег предизвикаа хаос во БиХ.
Градот Мостар ноќеска беше погоден од силни ветрови кои предизвикаа штета на деловните, станбените згради и возилата.
Во Горажде летаа покриви. Во некои села во БиХ снегот има наноси високи по 2 метри.
Малиот град Соколац пак беше целосно отсечен од светот, затоа што ветерот урна далноводи, и немаше електрична енергија и вода.
За камионите задолжително е да се користат зимска опрема на патиштата меѓу Сараево и Тузла.