02 Мај, 2024
0.0266

(ФОТО) Во оваа држава се случи обид за државен удар

Објавено во: Свет 07 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Обид за државен удар имаше во Габон. 

На улиците има тенкови и борбени возила. 

Група војници денеска се обидоа да ја преземат власта, додека болниот претседател на земјата е во странство. Војниците рано утринава упаднале во радио станицата во главниот град Либревил и го повикале народот „да се дигне“. Во исто време се слушнати истрели, но Владата по неколку часа соопшти дека „ситуацијата е ставена под контрола“. Четворица од петте војници кои влегоа во радиото се уапсени, а еден е во бегство. 

Полицајците се распоредени во главниот град и ќе останат таму и во наредните денови за да го одржуваат редот.

Претседателот Али Бонго, кој минатата година доживеа мозочен удар додека беше во Саудиска Арабија, живее во приватна резиденција во главниот град на Мароко, Рабат. Тој имаше телевизиско новогодишно обраќање, но не е во земјата од октомври. Додека е отсутен овластувањата се пренесени на потпретседателот и на премиерот.

Семејството на претседателот Бонго владее со земјата повеќе од 50 години.  Неговиот татко Омар ја презеде власта во 1967 година и стекна имиџ на клептократ – стана еден од најбогатите луѓе во светот, благодарение на богатството на земјата со нафта. Али Бонго е избран за претседател во 2009 година, по смртта на неговиот татко. Во 2016 година е реизбран на претседателските избори на кои имаше крвави насилства и обвинувања за изборна измама. Третина од населението живее во сиромаштија, иако земјата има нафта. 

Африканската унија „остро го осудува“ обидот за воен удар и целосно ги отфрли сите можности за неуставна промена на власта.

Можеби ќе ве интересира

ЕВРОПСКИТЕ ЛЕТА ЌЕ БИДАТ ДУРИ И ПОТОПЛИ ОД ОЧЕКУВАНОТО - верувале или не, причина е сѐ почистиот воздух

ЕВРОПСКИТЕ ЛЕТА ЌЕ БИДАТ ДУРИ И ПОТОПЛИ ОД ОЧЕКУВАНОТО - верувале или не, причина е сѐ почистиот воздух

Почина уште еден свиркач кој предупреди на дефекти во „Боинг“

Почина уште еден свиркач кој предупреди на дефекти во „Боинг“

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

СЕ УРНА ДЕЛ ОД АВТОПАТ ВО КИНА: Најмалку 48 лица загинаа

СЕ УРНА ДЕЛ ОД АВТОПАТ ВО КИНА: Најмалку 48 лица загинаа

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ПРОНАЈДЕНА ПЛАСТИКА ВО ПОВЕЌЕТО ОВОШЈА И ЗЕЛЕНЧУЦИ: Еве која храна може да содржи честички, Си-Ен-Ен објави студија

ПРОНАЈДЕНА ПЛАСТИКА ВО ПОВЕЌЕТО ОВОШЈА И ЗЕЛЕНЧУЦИ: Еве која храна може да содржи честички, Си-Ен-Ен објави студија

ЗА ЕДНА ГОДИНА „СЕ РАЃААТ“ ПОЛОВИНА МИЛИОН НОВИ РОБОТИ: Ќе ги заменат ли работниците? Што значи тоа за нив?

ЗА ЕДНА ГОДИНА „СЕ РАЃААТ“ ПОЛОВИНА МИЛИОН НОВИ РОБОТИ: Ќе ги заменат ли работниците? Што значи тоа за нив?

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје