ФОТО: Возилата и автобусите на главните улици во центарот на Скопје се пренасочуваа - посебен режим за унгарската претседателка
Објавено во: Македонија 06 Февруари, 2023
Блокирани главни улици и забрана за движење на автобуси, но и метеж и чекање, беа случај попладнево после завршувањето на работното време во центарот на главниот град на земјава Скопје.
Возила и автобуси не смееја да поминуваат ниту пред средното училиште Јосип Броз, ниту пред рекорд, и беа пренасочувани на други алтернативни правци.
Од МВР објаснуваат дека причина за сменетиот посебен режим на сообраќај е посетата на делегацијата од унгарската претседателка, Катлин Новак, за која тие навреме известиле.
„СВР Скопје – Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на централното подрачје на Град Скопје“, известуваат од министерството.
МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници, беше наведено во полициското соопштение.