30 Април, 2024
0.0295

(ФОТО) ВРЕДИ ДА ГИ ПОСЕТИТЕ: Топ острови за одмор летово!

Објавено во: Стил 29 Јули, 2016

Добивај вести на Viber

Овој пат одлучивме да ви ги претставиме десетте најдобри острови, кои може да ги посетите ова лето. Ако сакате да уживате во сонцето, сурфањето, песокот или песочните кривулави панински патеки, овде секако ќе ја пронадете вистинската дестинација за вас.

Уживајте во најдобрите плажи и затскриени заливи, џунгли и водопади, камени села и музички фестивали-сето тоа, и уште многу ви нудат овие десет најдобри острови.

10. Фернандо де Норонја – Бразил

ostrva 10

Архипелагот Фернандо де Норонја е во топ 10 на најубавите и егзотични плажи во Јужна Америка. Островите се сопственост на Бразил и се наоѓаат на околу 350 километри од копното…Климата речиси цела година е идеална за пешачење, а дури и во дождовниот период (од април до август) врнежите не ги плашат бројните туристи кои сакаат да уживаат во недопрената природа. Друг интересен факт е дека всушност само Илја де Фернандо де Норонја е населен и тоа само со 3.000 жители. Не се даваат дозволи за каков и да е вид градби, зашто сиот архипелаг Фернандо де Норонја е заштитено подрачје од УНЕСКО. Не пропуштајте да станете наутро и да видите како илјадници делфини се собираат во заливот Баја Дас Голфинеос.Морето околу плажите во Фернандо де Норонја е мирно речиси цела година, што е позитивно за морски туризам во регионот. Во моментов Фернандо де Норонја е омилена дестинација и една од најубавите атракции во Бразил.

9. Бора Бора

ostrva 9

Романтичниот остров Бора Бора неодамна беше прогласен за најубав остров на светот, а има и зошто…

Островот Бора Бора е сместен помеѓу Перу и Австралија. Од Перу е оддалечен 8.197 километри, а од Австралија 5.981 километри. И покрај оддалеченоста од копното и општата отсеченост од меѓународните патишта и авионски линии, е многу популарна туристичка дестинација. Овој остров е долг се’ на се’ 10 километри, а широк е малку повеќе од три километри.Кога зборуваме за Бора Бора веднаш ни паѓаат на памет бунгаловите на вода опкружени со прекрасното сино море. Тоа е навистина така, но за да поминете само една ноќ во еден од тие бунгалови потребно е да издвоите „само“ 1.000 долари за таа една ноќ. Јаготката на шлагот која ја нуди овој остров е јадењето poisson cru, односно сирова туна, како и махи-махи рибата со сок од лимета и кокосово млеко.

8. Пукет, Тајланд

ostrva 8

Tропска земја со разновидни природни убавини, неповторливи културно историски споменици, топло море, преубави плажи, извонредна кујна, најатрактивен ноќен живот и забава. Повеќе децении важи за водечка светска туристичка сила.

7. Маврициус, Африка

ostrva 7

Кога зборуваме за далечни и егзотични дестинации, први кои ни паѓаат на памет се Бали, Малдиви, Кариби… Но, и Маурициус исто така е интересна дестинација која би требало да ја земете во предвид доколку сакате да отпатувате на некое далечно или на егзотично место.

Овој остров се наоѓа на само 900 километри оддалеченост од Мадагаскар во Индискиот Океан. Маурициус е островска држава, 168-ма по големина во светот.Со површина од само 1.860 километри квадратни и нешто повеќе од милион жители, спаѓа меѓу најмалите држави на светот.

6. Мајорка, Балеарските Острови

ostrva 6

Балеарските Острови или Балеари е автономен архипелаг на Шпанија кој се наоѓа на западниот дел од Средоземно Море. Најголемиот од островите на архипелагот е прекрасниот Мајорка кој е особено популарен за европските туристи. Мајорка е совршена летна дестинација со жешки сончеви денови, топли ноќи и малку дожд. A кога веќе ќе пристигнете таму, можете да уживате пловејќи со ферибот од еден до друг Балеарски остров и од неколку други места на шпанското приморје. Островот Мајорка има фантастична понуда на песочни плажи и проѕирна тиркизна вода која го обиколува островот што е причина за привлекување на милиони туристи секоја година. Благодарение на многуте вили кои се изградени во близина на крајбрежјето, може да се разбудите протегајќи се на терасата и гледајќи го одблесокот на сончевите зраци во морето. Оние луѓе кои сакаат да го поминат поголемиот дел од одморот на плажа, нема да згрешат ако го одберат Мајорка.

5. Бали, Индонезија

ostrva 5

ој не би сакал да го почувствува допирот на Индонезија? За момент да се најде на хедонистичките предели… Кој не би посакал да ги открие мистериите на Бали – совршеното парче рај во Индонезија кое постои за да Ве опушти …

Бали е остров во Индонезија кој се наоѓа помеѓу островите Јава на Запад и Ломбока на Исток. Една од 33те провинции во Индонезија. Поголемиот дел од жителите на островот го сочинуваат индонезиските хиндуисти, кои инаку претставуваат малцинство во државата…

Бали, денес претставува популарна туристичка дестинација. Остров, кој освен што има извонредна убавина, е богат со ориз, кокосови палми, кафе, памук…

Предел, кој ја заслужува посетата на сите љубители на необичното, сонувачи на мистичното…

4. Турк и Каикос острови

ostrva 4

Како уште една врвна летна дестинација, овој остров има преубави плажи кои се светски познати. Овде можете да ја совладате уметноста на слободно време, на најдобар можен начин. Сепак, ако сакате да работите нешто друго, во понудата имате едрење, нуркање, папрасејлинг, кајак и други воени забави. Гребенот кој го опкружува овој остров ќе ви понуди можност на феноменално искуство за нуркање.

3. Јамајка

ostrva 3

Јамајка важи за една од најпопуларните туристички дестинации. Изобилува со национални паркови, брзи реки, водопади, пешачки патеки и, се разбира, прекрасни плажи, меѓу кои најпознати се Севен Мајл, Бостон Беј, Докторс Кејв, Очо Риос, Негрил, итн. Шарениот подводен свет околу островот е магнет за нуркачите, а пешачките патеки во спектакуларните џунгли ги привлекуваат авантуристите од целиот свет.

2. Санторини

ostrva 2

Санторини е најсликовитиот, најпопуларниот и туристички најпосетуваниот остров во Грција, кој и’ припаѓа на островската група Киклади. Ова е типичен грчки остров со вулканско потекло, кој заедно со околните острови завзема површина од 90,6 километри квадратни.

Должината на брегот на Санторини е 69 километри, а неговите плажи се едни од најубавите на Медитеранот. Прекриени се со бел, сив или црн песок, а водата е длабока и кристално чиста. Познатите плажи на Санторини се наоѓаат во главно долж источната и југоисточната страна на островот, а секоја од нив има посебни карактеристики. Повеќето плажи се многу добро организирани, опремени со лежалки, чадори, имаат голем број на кафулиња и ресторани, а повеќето од нив нудат и одлични услови за спорт на вода.

1. Мауи, Хаваи

ostrva 1

Како број еден на нашата листа, Мауи е идеална дестинација за сите-од љубителите на природата, до оние кои се во потрага за авантура. Наречен Остров на долината, поради големите долини кои се наоѓаат помеѓу два големи вулкани, Мауи островот е познат по својата величенствена природна убавина.

Љубителите на плажите може да ги впиваат сончевите зраци на светлосниот песок на Ка’анапали плажата додека силните брегови ги очекуваат сурферите кај Пе’ахи плажата. Овде ѓе бидете воодушевени од азурно плавиот океан, водопади, природни базени и џунли од бамбуси….