(ФОТО) Ѕирнете ја најубавата меѓународна граница во светот
Објавено во: Свет, Стил 25 Јануари, 2016
Граничните премини ширум јужниот и северниот дел на американскиот контитент не претставуваат некоја туристичка атракција. Обично тоа се изолирани, пусти места на кои луѓето застануваат само за да ја минат процедурата за влез во друга земја.
Сепак, границата измеѓу Колумбија и Еквадор е сосема поинаква од останатите. Таа е неверојатна по две нешта: една од најубавите цркви во Колумбија и една од најдобро средените гробници во Еквадор.
На колумбиската страна, на неколку километри од границата, се наоѓа светилиштето Лас Лахас. Црквата пак, изградена е во 1916 година и се наоѓа на 100 метри надморска височина. Под монументалниот мост на црквата тече реката Гаитара.
Од другата страна на границата, во еквадорскиот град Талкан, се наоѓа една од најретките и најзадржани гробници во светот.
Таа е направена уште пред 30 години од минатиот век, украсена со билки кои можат да живеат и до 500 години.