07 Мај, 2024
0.0226

ФОТО:Зошто во Родопите има најмногу стогодишници?

Објавено во: Стил 12 Мај, 2016

Добивај вести на Viber

Бугарскиот рецепт за долг живот се крие некаде во Родопите, а странските медиуми тргнаа да го истражуваат овој феномен.

Родопите се прославија како место со најмногу стогодишници по глава на жител, надминувајќи ја дури и  Јапонија. Барајќи ја тајната на долговечноста и следејќи  различни студии, новинарите дошле до прекрасниот бугарски регион. Откако ги посетиле Родопите, локалните жители ја откриле и тајната - бугарскиот јогурт.

655-402-kiselo-mliako-momchilovci-rodopi-sirene-mliako

Тие ја раскажуваат историјата на вкусната и здрава храна, а врските меѓу Бугарија и јогуртот датираат од времето на Тракијците. Легендата вели дека во древните војни го  пренесувале млекото во кожени торби, врзани околу половината. Телото придонесува за затоплување на течноста, а кога таа ферментира, се претвора во јогурт. Во репортажата се спомнува и фактот дека јогуртот го штити телото од токсини, инфекции, алергии, како и некои видови на рак.

r-651-488-divnite-divi-rodopi