ФОТОГАЛЕРИЈА-СКОПЈЕ БЛОКИРАНО И ПОД СИЛНО ПОЛИЦИСКО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ: Хеликоптери над градот, народот пред Собрание-„НЕ“!
Објавено во: Македонија 14 Јули, 2022
Додека
пратениците се подготвуваат да ја почнат расправата по единствената точка на
дневниот ред, а тоа е Францускиот предлог за почетокот на преговорите на
Северна Македонија со Европската Унија, градот е целосно блокиран во најтесното центарско подрачје и граѓаните се
подготвуваат за масовен протест.
Најавено е дека пред почетокот на седницата во Собранието обраќање ќе има претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон дер Лајен, која од утринава е во Скопје, како и македонскиот премиер Димитар Ковачевски.
Инаку, пред собраниската зграда од ноќеска се поставени шатори во кои кампуваа граѓани револтирани од предложената преговарачка рамка со ЕУ, за која сметаат дека е недостоинствена и дека прави штета на македонскиот идентитет. Полициското обезбедување е на највисоко ниво, а над градот кружат хеликоптери.
Ова е дел од атмосферата пред Собранието на Македонија: