06 Мај, 2024
0.0265

(ФОТО+ВИДЕО) ЏИХАДИСТИТЕ НАПАДНАА ВО ТЕХЕРАН: Најмалку 12 лица загинаа

Објавено во: Свет 07 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Повеќе од 12 лица се убиени, а десетина се повредени во два напади во Техеран, Иран. 

Во меѓувреме заврши заложничката криза во Парламентот, а безбедносните сили проверуваат дали во зградата има бомби.

Одговорноста за нападите ја презеде „Исламската држава“. 

Прво група вооружени упаднале во зградата на Парламентот и почнала да пука, а набрзо потоа се случил и нападот во мавзолејот на Ајатолахот Хомеини.

Вооружените мажи прво пукале во обезбедувањето на Парламентот, при што според извештаите убиен е еден од чуварите, додека друг е ранет.

Веднаш потоа, нападот во  Парламентот се претвори во заложничка криза кога напаѓачите зеле 4 лица како заложници и ги однеле на повискоите катови. По повеќе часовна акција, заложниците се ослободени.

Иранските медиуми објавија дека припадниците на специјалните сили во зградата на Парламентот убиле четворица напаѓачи, иако првобитно беше објавено дека еден од напаѓачите се разнел со бомба внатре во зградата, но оваа информација официјално не е потврдена.

Министерот за внатрешни работи, Абдулрахман Фазли свика специјален состанок на Безбедносниот совет на Иран. Улиците на Техеран се блокирани од стотина полицајци, метрото е затворено, а на новинарите им е забранет пристапот до Храмот на Хомеини.

Иран, во која доминантно население се шиитите со години помага во Ирак и на режимот во Сирија во борбата против сунитските екстремистички групи.

Исламистите во март објавија видео на персиски јазик со предупредување до актуелната власт дека ќе го освојат Иран и повторно ќе го претводат во сунитска муслиманска нација како што бил некогаш.


Можеби ќе ве интересира

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

УШТЕ ЕДНА ПОТЕРНИЦА: Русија го бара и командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук

УШТЕ ЕДНА ПОТЕРНИЦА: Русија го бара и командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра