(ФОТО+ВИДЕО) ФЕСТИВАЛ НА МРАЗОТ: Ова е спектакл на кој му се радуваат сите
Објавено во: Свет 07 Јануари, 2019
Фестивалот „Замрзната Москва“ е отворен по четврти пат и годинава е посветен на најголемите светски цивилизации од историјата.
Фестивалот на мразот и снегот во рускиот град Москва е отворен за посетители.
Има фигури од најпознатите светски знаменитости, а на најмладите им е дозволено да се лизгаат на дел од реквизитите.
Тој ќе биде отворен до средината на јануари, а се очекува да го посетат повеќе од милион луѓе. Обично се зема мраз од Бајкалското Езеро за да се направат овие скулптури. Претходните години имаа над 40 скулптури. Меѓу нив имало и скулптури на познати спортисти како што е Кристијано Роналдо.