(ФОТО+ВИДЕО) Километарски колони на Табановце, се чека и до еден час
Објавено во: Македонија 03 Мај, 2022
Километарски колони има на граничниот премин Табановце на македонско - српската граница. Голем број возила чекаат да ја поминат границата. Oд АМСМ велат дека на преминот се чека од 30 до 60 минути. Сметаат дека најверојатно поради продолжениот викенд и празниците има зголемена фреквенција на возила.