(ФОТО+ВИДЕО) НЕВРЕМЕ И МРАЗ ОД ДВА МЕТРИ: Уништени се куќи и возила
Објавено во: Свет 01 Јули, 2019
Невидена бура има во Мексико, при што град затрупа автомобили, а има и два метри мраз.
Шест предградија од мексиканскиот град Гвадалахара се покриени со дебел слој мраз, откако беа погодени од силна бура со град.
Слојот на градот на некои места беше дебел дури 2 метри, а некои автомобили беа затрупани до половина, пишува Би-би-си.
Во невремето се оштетени 200 куќи и десетици автомобили.Се расчистува, а повредени луѓе нема.