(ФОТО+ВИДЕО) НЕВРЕМЕ ВО ГЕРМАНИЈА: Откажани летови и излетан воз од шини
Објавено во: Свет 21 Мај, 2017
Невреме со силен дожд и грмежи предизвика хаос во Германија.
Поради свлечиште излета локален воз од шините, а во несреќата се повредени 7 луѓе.
Регионален воз излезе од шините кај Штрадтрод во источната германска држава Тирингија, кога шините доцна синоќа беа прекриени со кал од свлечиштето. Поради поплава се поплавените патиштата во повеќе градови во Тирингија.
Поради невремето се откажани многубројни летови од аеродромот во Хамбург.
Околу 140 патници минатата ноќ ја поминаа на аеродромот во Хамбург каде вчера се откажани 29 летови поради невреме и грмежи.
Автопатот кај источниот град Лајпциг мораше да биде затворен затоа што силниот дожд предизвика свлечиште.