(ФОТО+ВИДЕО) ПОТОПОТ ЗЕМА ЖРТВИ: Австралија очекува нови дождови
Објавено во: Свет 05 Февруари, 2019
Две машки тела се извлечени од одводните води при чистењето по поплавите што ја погодија североисточната сојузна држава Квинсленд, објави полицијата.
„Телата ги најдовме околу пладне и веќе се идентификувани“, стои во соопштението.
Неколкудневните силни дождови во градот Таунсвил, кој скоро цел е под вода, предизвикаа загуба кај осигурувањето од околу 33 милиони долари.
„Како луѓето ќе се враќаат во своите домови, така ќе ја проценат штетата. Постои и физичка загуба, но има и ментален шок“, изјави австралискиот премиер Скот Морисон во Таунсвил.
Вчера се евакуирани 1.100 луѓе, а на улиците имало крокодили и змии.
И натаму ќе има дожд во таа област, а се очекува да расте и нивото на водата во реката Рос.
Австралија е погодена од катастрофални поплави, по високите температури што ја зафатија во овој период.
фото AP