17 Мај, 2024
0.0298

(ФОТО+ВИДЕО) Северна Кореја доби нов град, еве како изгледа

Објавено во: Свет 03 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Нов град „никна“ во Северна Кореја и тој е наречен симбол на модерната цивилизација. 

Земјата организираше голема прослава по повод отворањето на овој град, кој се смета за клучен градежен проект на владетелот Ким Џонг-Ун. Сместен е во близина на светата планина Паекту, од каде наводно потекнува семејството на Ким, а државните медиуми го нарекоа „олицетворение на модерната цивилизација“.

Ким ја пресече црвената лента, прогласувајќи го за отворен градот Самџијон, кој има нови станбени згради, хотели, стадион, зимски центар, музеј и комерцијални, културни и медицински установи. Простирајќи се на „илјадници хектари“, тој треба да биде дом на 4.000 семејства. Самџијон поседува и нова железничка линија и фабрика за обработка на боровинки и компир.

Самџијон, замислен како социјалистичка утопија, е една од најголемите економски иницијативи што ги лансираше Ким, во ситуација кога мнозинството Севернокорејци живеат бедно. 

Ким пред две години го најави проектот, но Самџијон не е целосно нов град, затоа што тој веќе постоел на тоа место и државната телевизија КЦНА објави дека поминал низ драстична промена. Не е познато дали некој се вселил во градот.  

Градот не е изграден од темел. Ким го посетил градот Самџијон точно пред две години, кога прв пат најавил голем проект за „обнова“. Некои згради се преуредени, додека многу други се срушени и заменети со нови станбени единици.


Можеби ќе ве интересира

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра