(ФОТО+ВИДЕО) СТРАОТНИ СЦЕНИ: Во поплави и свлечишта загинаа 100 луѓе
Објавено во: Свет 27 Мај, 2017
Во поплавите и свлечиштата во Шри Ланка загинаа 100 луѓе, додека 99 се водат како исчезнати.
Над 2.900 лица мораа да ги напуштат своите домови во областите погодени од поплавите, соопштија официјални лица од Шри Ланка. Спасувачите и граѓаните продолжуваат со спасувачките операции. Жителите велат дека во некои села има заробени луѓе, а чамците не можат да им се приближат.
Војската со големи оклопни возила ги превезува луѓето до безбедни области.
Свлечиштата се вообичаени во сезоната на монсуните на овој остров.
Повеќе од стотина лица настрадаа во големото свлечиште во централниот дел на Шри Ланка во мај 2016 година.