17 Мај, 2024
0.0388

ФРАНЦИЈА НА НОЗЕ: Му порачаа на Макрон да се откаже од реформите во пензискиот систем

Објавено во: Свет 06 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Поради штрајк во Франција, возовите се заглавени, а Версај е затворен. Транспортот веќе втор ден е во хаос, а синдикатите се надеваат дека претстои долготраен штрајк против плановите на претседателот Емануел Макрон за реформи на пензискиот систем. Замокот Версај втор ден е затворен поради штрајкот, а музејот Лувр ги предупреди посетителите да очекуваат одложувања и затворања на галериите.

Ајфеловата кула денеска повторно е отворена по вчерашното затворање. 

Синдикатите го објавија плановите на нов национален „интер-генерациски“ протест во вторник против реформите кои велат дека се напад врз тешко освоените работнички права. Најмалку 800.000 луѓе, стари и млади, вчера излегоа на протестен марш, а штрајкот ги затвори училиштата, некои јавни служби и ја наруши работата на болниците и рафинериите. Полицијата во неколку наврати употреби солзавец, а демонстрантите запалија огнови во источен Париз.

Медицинските работници, железничките работници и наставниците, како и противниците на владата ги поддржуваат синдикатите. .

Намерата на Макрон е да се поедностави пензискиот систем, според кој има повеќе од 40 основи за пензија. Со тоа се предвидува работниците во железница или маринците можат да заминат во пензија 10 години пред просечниот работник.

Макрон  изјави дека системот не е праведен и дека чини премногу поради што Французите мора да работат подолго.

Повеќе од две децении немало вакви масовни протести во Франција. Вчера протестираа 500.000 при што се судрија со полицијата. 

Можеби ќе ве интересира

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји