Французи пречекаа мигранти со куршуми
Објавено во: Свет 06 Октомври, 2016
На објект каде треба да се згрижат бегалци се испукани куршуми.
На планираниот центар за сместување на бегалци во североисточниот дел на Франција било направено снимање, пренесе австрискиот медиум ORF. На фасадата на зградата полицијата пронашла јасни траги од куршуми. Според податоците на властите најверојатно биле истрелани уште во вторникот вечерта.
Градоначалникот на Сент Бревин зборува за "неприфатлив и неодговорен чин". Во центарот ќе бидат сместени 70 бегалци од импровизираниот камп крај Кале, познат како "џунгла".