05 Мај, 2024
0.0725

Французин дал богатството за проклет остров!

Објавено во: Стил 01 Октомври, 2015

Добивај вести на Viber

Еден од најубавите француски острови, Боедик, со површина од 17 хектари е продаден за четири милијарди евра.

Новиот сопственик на островот во Атланскиот океан, во францускиот депатман Морибан во Бретањ, на кој се наоѓа и куќа со дворно место на површина од 900 квадратни метри, е бизнисмен од Лион, Кристијан Латуш.

Тој е сопственик на фирмата Фидуциал која вработува 70 000 луѓе ширум светот.

На листата на магазинот „Шаланж“ се наоѓа на 77 место најбогати Французи.

Островот бил на продажба од 2013, кога безживотното тело на претходниот сопственик, адвокатот Оливие Мекнер е најдено како плови крај брегот на приватниот остров.

Мекнер островот го купил во 2010 за 2,5 милијарди евра.

На островот се наоѓа вила, помошна куќа и капела преуредена во салон за слушање музика.