26 Април, 2024
0.0289

Французите навалија на коњско месо, по скандалот продажбата зголемена за 15%

Објавено во: Свет 21 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Зголемено е интересирањето на купувачите за коњско месо во Франција по скандалот во Европа со тој вид месо. Во Франција околу 700 месарници продаваат коњско месо, и според локални медиуми продажбата е зголемена за 15%. “Точно е дека е регистриран раст на продажбата во изминатите неколку недели бидејќи нашите купувачи сега зборуваат отворено за коњско месо“, изјави Ерик Вигуре, претседател на француската групација месари кои продаваат коњско месо. „По скандалот, сите на работните места зборуваат за тоа, па оние кои купуваат коњско месо сега се чувствуваат помалку виновни и препорачуваат месари во кои пазарат, наведува Вигуре. Интересот на Французите за коњско месо датира наводно од 18 век кога револуционерите јаделе месо од коњи оставено од аристократијата. Конзумирањето такво месо траело два века и подоцна „излегло од мода“.„Примивме многу коментари од месари кои продаваат коњско месо ширум државата и кои наведуваат дека минатата недела имале многу купувачи. Потрошувачите не чувствуваат потреба да се извинат што јадат коњско месо“, вели Вигуре. Во ресторанот Жолто такси (Le Taxi Jaune) во историскиот париски кварт Маре, кој е меѓу ретките ресторани што нудат специјалитети од коњско месо, шефот на кујната Отис Лебер вели дека постои раст на интересот. - Сепак ќе зборуваме за ова за три месеци, па ќе ви кажам дали и понатаму е така, вели тој

Можеби ќе ве интересира

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек