02 Мај, 2024
0.0385

Фризер на претседател платен како министер

Објавено во: Стил, Финансии 13 Јули, 2016

Добивај вести на Viber

Фризерот на францускиот претседател, Франсоа Оланд кој работи со него од 2012 година добива по 10.000 евра месечно.

Тоа е приближно како еден министер во Франција, пренесоа тамошните медиуми.

Оливије Б. во мај 2012 година потпишал договор со Оланд и покрај плата има и други привилегии, како што е престојот во Елисејската палата.

Веста ја потврдија и од француската Влада. Оттаму велат дека сега во Елисејската палата има и фризер, што не било случај со претходните претседатели.

Оливије Б. мора да патува со претседателот и да му биде достапен 24 часа, а по завршување на договорот не смее да дава информации за она што се случувало додека престојувал некаде со Оланд.