Фронтменот на Линкин Парк се самоуби на роденденот на рок легендата
Објавено во: Свет 21 Јули, 2017
Честер Бенингтон вчера изврши самоубиство со бесење во неговиот ден. Фронтменот на популарната њу-метал група Линкин Парк самоубиството го изврши на роденденот на неговиот близок пријател, рок легендата Крис Корнел кој беше дел од бендот Саундгарден кој пак, исто така пред два месеца се самоуби.
Главната причина за самоубиството на Честер според неговите најблиски е депресијата со која тој долго време се борел, но не успеал да најде начин како да ја преброди. Двајцата се зближиле за време на заедничката турнеја, а подоцна Линкин Парк ја отпеа песната „Уште едно светло“ посветена токму на згаснувањето на животот на Корнел.
Мајк Шинода, раперот на Линкин Парк посочи дека Честер во последните месеци не можел да ги пројде ниту пробите, често се гушел и изведувањето на песните му било многу тешко. Честер е и кум на синот на Крис Корнел. Тој зад себе ја остави сопругата и шесте деца.
Линкин Парк долго време ги воодушевуваше фановите ширум светот со енергичните , њу метал, пост панк, рап и рок звуци издавајќи повеќе успешни албуми кои се продадоа во десетици милиони копиии и извршија огромно влијание врз цела една генерација на тинејџери во средината на минатата деценија. Честер ќе недостасува со моќниот вокал и емотивните настапи во живо.