Фудбалерот Бабунски по две момчиња, ќе биде татко и на девојче
Објавено во: Македонија 13 Декември, 2022
Семејството на македонскиот фудбалер Давид Бабунски ја чека приновата во семејството која ќе им донесе ќеркичка.
Убавата вест среќните родители ја споделија на социјалните мрежи со низа фотографии а под нив во постот напишаа:
„Наскоро доаѓа трето дете. Многу сме среќни и благодарни за овој благослов“.
Давид е син на легендарниот македонски фудбалер Бобан Бабунски и настапува како фудбалер во унгарското првенство. Со неговиот брат Доријан своевремено беа членови на младинските школи на Барселона и Реал Мадрид.