26 Април, 2024
0.0275

Фуфо во „Еден на Еден“: Најблиските ми зарија нож в грб! (ВИДЕО)

Објавено во: Стил 14 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Фуфо во „Еден на еден“ со Жарко Димитриоски. Извонреден перформанс, Фуфо искрено зборува за релациите со своите гости, за коцкарските долгови и проблемите настанати кои сега се зад него, за почетоците во скопските казина, за подемот и падот на неговата ресторантска „империја“, за тоа каде беше во изминатите години, но и за разочарувањата во најблиските луѓе. „Направивме од играчка, плачка“ вели популарниот Љупчо Николовски Фуфо. Зборуваше искрено и за неговите политички амбиции, за детството во Чаир, за времето кога премиерот Никола Груевски тренирал во неговиот боксерски клуб, “братското коцкање” со Игор Џамбазов, црковниот обред на побратимување со Трифун Костовски, политичката кариера и работите што ги научил од тоа, како во прв круг на изборите за градоначалник успеал да ги „добие“ Пенов и Угриновски.  Интересни детали за тоа како една пица добила име по пратеникот Јани Макрадули. Следуваат пикантерии за неговиот живот, за релациите со јавните фаци во земјава. „Фактор“ и „Еден на Еден“ Ви препорачуваат да ја погледнете ја целата емисија: http://www.youtube.com/watch?v=zvvIr8dua58

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти