01 Мај, 2024
0.0333

Фунтата на рекордно ниско ниво, расте вредноста на доларот во однос на кошницата на валути

Објавено во: Финансии 26 Септември, 2022

Добивај вести на Viber

Фунтата падна на најниско ниво од 1985 година во однос на доларот во азиската трговија денес, бидејќи трговците набрзина ја отфрлија британската валута поради шпекулациите дека економскиот план на новата влада ќе ги оптоварува финансиите на Велика Британија до крај.

Потонувањето на фунтата му помогна на американскиот долар да го достигне новото 20-годишно ниво во однос на кошницата на големи ривали.

- Фунтата потона за дури 4,9 отсто во текот на ноќта во Азија на историски најниско ниво од 1,0327 долари, пред да се смири на околу 1,05405 долари, што е за 2,9 отсто помалку од затворањето во петокот. Британската валута падна за 3,6 отсто во петокот, откако новиот министер за финансии Кваси Квартенг го претстави планот за историски даночни намалувања што ќе се финансираат со зголемено задолжување на пазарот на долгови, најголемо од 1972 година - пишуваат светските медиуми.

Според Ројтерс, фунтата е најновата жртва на турбуленциите што ги зафатија финансиските пазари во последно време поради зголемувањето на глобалните геополитички тензии.

- Еврото, исто така, го допре новото две децении најниско ниво во однос на доларот поради стравувањата од рецесија, бидејќи енергетската криза се проширува како што се приближува зимата поради ескалацијата на војната во Украина и референдумот за анексија на регионите Луганск, Доњецк, Керсон и Запорожје кон Русија - пишува во анализата на „Ројтерс“.

Дополнително, на парламентарните избори во Италија, одржани викендов, победа извојува сојузот на лидерот на екстремната десница Џорџе Малони и нејзините евроскептични сојузници - Лигата и Силата на Италија - што, се проценува дека ќе ја промени рамнотежа на силите во Европа.

Индексот на доларот, кој ја мери вредноста на доларот во однос на кошницата на главни валути, вклучувајќи ги фунтата, еврото и јенот, достигна 114,58 за прв пат од мај 2002 година, пред малку да се повлече на 113,73, сè уште падна за 0,52 отсто над нивото на крајот на минатата недела.

Американската валута порасна во однос на јенот по минатонеделната ненадејна девизна интервенција од страна на јапонските власти, бидејќи фокусот на инвеститорите се врати на острите разлики меѓу агресивната монетарна политика на Федералните резерви (ФЕД) и инсистирањето на Банката на Јапонија да ја задржи својата масовна програма за стимулирање.

Можеби ќе ве интересира

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?