29 Април, 2024
0.0234

(ГАЛЕРИЈА) „iPhone 6s“ ќе има идентичен дизајн со „iPhone 6“?

Објавено во: Стил 03 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

„9to5Mac“ објавија слики од сигурен извор на следниот „iPhone“, за кој веќе пишувавме дека би требало да е во производство.

Како што се гледа од фотографиите, изгледот на уредот нема да се разликува значително од „iPhone 6“, но тоа е едвај изненадување за некого. Се очекува димензиите на куќиштето исто да останат непроменети и во краен случај дебелината на трупот да се зголеми маргинално.

Поголеми иновации очекуваме под куќиштето - фотографиите откриваат промени во начинот на прицврстување на компонентите и основната плоча, што сугерира за додавање кон екранот на технологијата „Force Touch“. Иако гласините за главната камера остануваат со еден сензор, линиите за антените на кутијата се задржуваат, а освен тоа непроменети остануваат и позицијата и бројот на коректор, порти и микрофонот. Се очекува и користењето на нов модем, кој ќе ги удвои максималните одржувани брзини во „LTE“ мрежа до 300 Mbps.

[gallery ids="165561,165560,165559,165558,165557,165556,165555,165554,165553,165552"]