(ГАЛЕРИЈА) ЈУГОСЛОВЕНСКИ ОЛД ТАЈМЕРИ : Како изгледаат денес луксузните автомобили на Тито
Објавено во: Стил 31 Декември, 2015
Српската сообраќајна воена полиција денес внимателно се грижи и ги одржува луксузните автомобили од времето на Јосип Броз Тито.
Во касарната „Дедиње“ во совршена состојба се наоѓаат гламурозните возила на Маршалот: Пет Мерцедеси "600 Pullman" и еден Ролс Ројс "Phantom 5". Исклучиво старешините се грижат за автомобилите во кои се возел Маршалот, политичката елита на поранешна Југославија, како и европската и светската политичка елита од тоа време.
Петте Мерцедеси се произведени во 1965, 1967, 1971, 1976 и 1978-ма година, и целосно се одржувале во касарната „Дедиње“. Автомобилите ги имаат своите оригинални бои, а никој, никогаш не ги допрел, а да не бил висок воен старешина. Дури кога автомобилите биле купени, заедно со нив биле нарачани и потрошни материјали кои ги менувале исклучиво југословенски инженери.