Започна со изградба најголемиот туристички град во Југоисточна Европа. Градот ќе биде лоциран на падините на Бјелашница, во близина на Сараево, а ќе чини 2,3 милјарди евра.
Со оглед на тоа што се наоѓа на над 1.000 метри надморска височина, во зона на чист воздух, градот ќе добие име Buroj Ozon.
Со голем број на станбени згради, хотели, трговски и сопртски центри, ќе има и 1.000 луксузни вили наменети за удобен живот и одмор во природа.
Во рамки на туристичкиот град Buroj Ozone ќе бидат изградени и 70 суперлуксузни хотели.