18 Мај, 2024
0.0268

(ГАЛЕРИЈА) Како на модерен начин да уредите стан од 37 квадрати за млади

Објавено во: Стил 21 Јануари, 2016

Добивај вести на Viber

Ентериерот за млади личности освен што мора да биде практичен и функционален, по правило бара посебно изберени бои и модерни детали. Руските дизајнери даваат сјајни идеи, па погледнете како тие го прават тоа ...

На стан од 37 квадрати со една соба е неопходна мала реконструкција како би се обезбедиле повеќе од една просторија. Апартманот кој ви го претставуваме е дело на руската дизајнерска фирма „Среда“ , а освен модерен дизајн, колорит и детали, овде е претставена одлична идеја како во мал простор да направите место за мала спална соба.

Своето катче за одмор и убави сни направете го од терасата. Тоа подразбира да ја застаклите таа мала површина и од неа да направите удобно гнездо. Офарбана во бело и со големи прозорци низ кои продира природна светлина е идеално катче да се одморите, читате и опуштите во удобната соба покрај прозорот.

За да доаѓа повеќе светло до остатокот од апартманот, овде се направени два влеза на терасата со прозорци. Централниот дел од станот зазема кујна во тиркизна боја, додека модерните и младешки детали се насекаде. Така се забележува фиоката со принт на англиското знаме, интересни огледала и написи кои му даваат младечки дух на станот.

Во галеријата ве чекаат фотографии па пронајдете идеи и инспирација да го уредите вашето станче.

malo stance1 malo stance2 malo stance3 malo stance4 malo stance.5jpg malo stance6jpg malo stance7