17 Мај, 2024
0.0263

(ГАЛЕРИЈА) Плажите на Лефкада како на Малдиви

Објавено во: Стил 30 Јуни, 2016

Добивај вести на Viber

Нешто најблиску до Малдивите во Европа-тоа е накратко реченицата која може да се опише како изгледа Лефкада, полуостровот во Јонското море со најубави плажи во Грција.

lefkas

На околу 600 километри од главниот град, Лефкада во последните години стана популарна меѓу македонските туристи кои домашните агенции воглавно ги праќаат во Нидри, летувалиште оддалечено околу 15 км од главнот град Лефкас. Нидри е класично грчко место за туристите-пространа, песочна плажа, градско пристаниште низ кое се протега шеталиштето со голем број на таверни, барови, ресторани, продавница за сувенири...

lefkada_47

Главниот град Лефкас

Да почнеме по ред. Островот е одделен од копното со тесен теснец, широк два километри, денес премостен со мост на сплавови, што донекаде го прави полуостров. Градот Лефкада или Легкас како што локалното население го изговара, е комбинација од стар Грцки и модерен космополитско летувалиште-стариот дел од градот е преполн со мали улички споени во своевиден лавиринт покрај широката пешачка зона преполна со локали, продавници за мед, вино.

Плажата, плажа стигнува

Најубавите плажи се наоѓаат на западниот дел од островот, а на секои неколку километри ве чека табла со уредно испишано име на плажата.

Катизма е долга, широка, песочна плажа како во црногорските Бечичи, тука се бројни ресторани, голем паркинг, ладовина нема. Нешто понатаму е живописниот мал град Каламици, кој ве води на неколку мали плажи покриени со бели карпи-Мегали Петра, Каваликефта...

Еве уште неколку предлози за лешкарење и капење-Амоуса плажата е една од најубавите на југ, се наоѓа во малиот залив, нема теврни и барови. Десими плажата се наоѓа во мал преубав залив неколку километри од Нидри кон југ, Егремни плажата привлекува со својата неверојатна боја на крајбрежјето, Молош поради својата речиси недопрена природа и непристапност се наоѓа на листата најубави плажи во Европа...

Остров

Ако сакате нешто повеќе од капење и сончање, ви предлагаме да одите до Карија, село во планините во центарот на островот. Пензионерите кои седат покрај патот во кафаните со столови каде чаршавите се карирани, а пепеларниците лимени, продавници со сувенири од дрво на маслинки, мед, вино..Место кое изгледа изместено од овој наш свет.

Медитеранска клима

lefkada1

Климата е медитеранска со голем број на сончеви и топли денови и со освежувачки ветер. Вечерите се пријатни, а главниот град Лефкас нуди сјајни ресторани како и неколку клубови за љубителите на ноќниот живот.

Во Венецијански стил

lefkada2

Архитектурата во сите места во Лефкада е под влијание на венецијанскиот стил. Меѓутоа, силните земјотреси кои го погодиле овој полуостров во 1948 и 1953 година уништиле голем дел од традиционалната градба на Лефкада.

Водопади

Водопадите Димосари се наоѓаат некои осум километри оддалеченост од Нидри. Покрај патот се наоѓа поток кој ве следи се до таверната пред самите водопади. Ве советуваме на овој мал излет да тргнете во удобни обувки, бидејќи може да биде многу клизаво.

Пробајте

lefkada3

Приказната „Земјата Лефкада“ почнува во 2000 ,кога Димитрис Роботис, после студиите по енологијам ја основал винаријата во селото Сиврос. Сега тоа прераснало во модерна винарија, отворена за посетителите на патот Нидри-Василики.

Видете

lefkada4

Агиос Никитас, само десетина км од Лефкас, е едно од најинтересните села кои ќе ги видите.Насекаде се стебла од маслинки, симпатичен центар на градот кој во близина на плажата е затворен за автомобили. Заоѓањето на сонцето може да го набљудувате од шеталиштето е вистинска магија.