28 Април, 2024
0.0265

(ГАЛЕРИЈА) „Samsung“ го претстави „Galaxy A8“, но засега само во Кина!

Објавено во: Стил 14 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Преставувањето на смартфонот „Samsung Galaxy A8“ не беше тајна во последните неколку недели а веќе е време за неговата премиера, иако засега само во Кина.

Уредот се позиционира во средната класа, иако очекуваната висока цена ќе го стави во близина на флагманските модели на Корејците. Сепак металната конструкција, дебелината од 5,9 мм (тоа го прави првак во портфолиото на компанијата) и додадениот сензор за отпечатоци како оној во „Galaxy S6“ јасно покажуваат дека „Samsung“ ќе ги насочи моделите кон навивачите на премиум „Smartphones“.

[gallery columns="4" ids="167038,167039,167040,167041"]

Во однос на карактеристиките нема изненадувања - „Galaxy A8“ нуди 5.7 „Full HD Super AMOLED“ дисплеј со намалена рамка, 64-bit осмојадрен чипсет „Snapdragon 615“, 2GB RAM, 16GB внатрешна меморија, microSD слот, 16МР основна и 5МР предна камера, 4G LTE можности и батерија со капацитет 3050mAh.

[gallery columns="4" ids="167042,167043,167044,167045"]

Оперативниот систем е „Android 5.1.1“, а тежината на смртфонот е едвај 151 грама. Во моментов „Samsung“ прифаќа пред-нарачки за моделот во Кина, а достапните бои на куќиштето се бела, црна и златна. Се уште нема информации за продажбата на други пазари, но претпоставуваме дека такви ќе има.

[gallery ids="167046,167051,167050,167049,167048,167047"]

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти