ГАЛЕРИЈА: ЗА ОВА ЛИ СЕ СОБИРАА ДОНАЦИИ? Депонија од донирана облека за настраданите во Турција ја задуши скопската чаршија- Комунална на терен
Објавено во: Македонија 17 Март, 2023
Неколку денови се чистеше отпадот составен од облека во Капа Ан во Старата скопска чаршија, која беше собрана во рамките на хуманитарната акција за помош на насстраданите при земјотресот во Турција.
Екипите на „Комунална хигиена“, исчистиле 25 метри кубни отпад, кој, ги попречувал минувачите и локалните објекти во нормалното функционирање.