26 Април, 2024
0.0304

ГАСОТ СКАРА ТРИ ЗЕМЈИ: Кој на кого се закани?

Објавено во: Балкан 14 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Tурскиот претседател,  Реџеп Таип Ердоган ги предупреди Грција, Кипар и меѓународните организации кои се во потрага по природен гас во Средоземното Море да не „ја преминат линијата“ и да не ги загрозат правата на Турција.

Неговото предупредување е во период кога турски воени бродови продолжуваат со блокирање на достава на опрема за дупчење на Кипар кое го изведува италијанска компанија.

Турција се противи на барањето на нафта и тврди дека таквите постапки ги кршат правата на Турците кои живеат на Кипар.

Ненаселените острови Имиа кои во Турција се позната под името Кардак, долго време претставуваат проблем во односите помеѓу Турција и Грција имајќи предвид дека и двете земји имаат право на нив.

Ердоган ја предупреди Никозија да не ја преминува границата. Дотука се стигна, отако Анкара спречи еден италијански брод да изврши сондажи за гас крај брегот на Кипар.

Во основата на спорот е тврдењето на Турција дека делови од територијалните води на поделениот остров Кипар се под јурисдикција на кипарските Турци. Во нив турската државна нафтена компанија, исто така, врши сондажи за гас.

Од Кипар пак тврдат дека имаат суверено право на сондажи и ако тие се успешни, приходите ќе бидат поделени праведно при евентуално обединување на Островот.

Европската комисија, исто така, интервенираше во спорот, и портпаролот ја советуваше Турција да ги задржи добрите односи со своите соседи.

„Негативните изјави кои ги прекршуваат добрососедските односи треба да се избегнуваат, особено во пресрет на средбата во Варна“- изјави Маргаритис Схинас, портпарол на Европската комисија.

Кипар е поделен уште од 1974 година, кога турските трупи извршија инвазија и го окупираа северниот дел на островот.

Можеби ќе ве интересира

НА ПАЗАРИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО ОТКРИЕНА ЛАЖНА „ПЛАЗМА“: Разбиен огромен синџир на продажба на фалсификувани производи

НА ПАЗАРИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО ОТКРИЕНА ЛАЖНА „ПЛАЗМА“: Разбиен огромен синџир на продажба на фалсификувани производи

РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА ГО „ТРЕСЕ“ БАЛКАНОТ - наместо да го помири регионот како што предлагаа клучни спонзори од Западот

РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА ГО „ТРЕСЕ“ БАЛКАНОТ - наместо да го помири регионот како што предлагаа клучни спонзори од Западот

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)