Газда истепал работник во фирма во Скопје
Објавено во: Македонија 17 Февруари, 2022
Во скопска фирма газда истепал вработен. Во Полициската станица Гази Баба, вчера во 10.30 часот, К.У.(27) од селото Сопиште пријавил дека околу 09.40 часот, додека бил на неговото работно место во фирма на подрачјето на Гази Баба, сопственикот М.Ѓ.(73) физички го нападнал. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.