19 Мај, 2024
0.0259

Газирани пијалоци – колку се штетни?

Објавено во: Стил 30 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Газираните пијалоци се предмет на сериозна критика од специјалистите по здрава исхрана. Сепак, пазарот е буквално преплавен од различни газирани пијалоци.

Зошто и колку се штетни газираните пијалоци за нашето здравје и тело?

Газираните пијалаци се безалкохолни пијалоци, вештачко збогатени со јаглероден диоксид, кој се лачи во нормален атмосферски притисок. Вештачкото карбонизирање е отворено во 1767 година од англичанецот Џозеф Пристли, но почнува да се користи дури во 1807 година.

Рекламите кои ни препорачуваат најбрз начин за намалување на жедта преку газираните пијалаци, всушност го прават спротивното. Газираните пијалоци се извор на празни калории, односно полни се со калории без никаква хранлива вредност. Тоа практично значи дека ние ги конзумираме газираните пијалоци без да имаме вистинска полза од нив.

Според едно неодамнешно американско истражување, потрошувачката на 355 мл газирани пијалаци дневно може да доведе до зголемување на 6,8 килограми телесна маса годишно. Не случајно процентот на луѓето со прекумерна тежина е повисок кај оние кои конзумираат газирани пијалоци.

Газираните пијалоци го нагризуваат стомакот. Внесувањето дури и на една чаша газиран пијалок дневно води до 50% поголем ризик од развој на метаболички синдроми, односно Зголемен крвен шеќер, зголемен крвен притисок, високо ниво на масти во крвта, наречени 3-глицериди и ниско ниво на „HDL“ („добриот“ холестерол). Диеталните газирани пијалоци ја имаат истата вредност како и другите, иако не содржат шеќер. Исто така е докажано и дека луѓето кои консумираат значителна количина газирани пијалоци имаат поголем апетит за слатки нешта кои придонесуваат за зголемување на телесната маса.

Супститути на газирани пијалоци

Најдобра замена за газираните пијалоци е водата. Таа нема калории, нема шеќер, освежува и е основа за добро здравје. Богатото со калциум сојно млеко исто така е соодветно. Природен овошен сок е опција, но со една напомена: иако содржи голем број на хранливи материи, кои му требаат на организмот, сокот е точно толку висококалоричен колку и газираниот пијалок. Затоа консумирајте го умерено.

Друга замена за газираните пијалоци е чајот кој е со смирувачко дејство и без кофеин. Зелениот и црниот чај, исто така, имаат значителни здравствени квалитети - го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни болести, го зајакнуваат имунолошкиот систем и штитат од проблеми со меморијата, дијабетес и некои форми на рак.

Можеби ќе ве интересира

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“