26 Април, 2024
0.0269

Газпром ќе ја стартува и втората линија на гасоводот Турски тек

Објавено во: Економија 22 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Рускиот енергетски гигант „Газпром“ очекува многу наскоро да ја добие градежната дозвола за отпочнување на втората линија од гасоводот „Турски тек“. Тоа го потврди и рускиот инистер за енергетика Александар Новак.

- Изградбата на гасоводот се одвива со полна пареа. Турџија ги даде сите неопходни одобренија за изградба на првата линија и таа веќе се гради. Конечните дозволи за градба на втората линија ќе бидат добиени во најскоро време. Се работи на прашањето за местото на излезната точка на втората линија на копнената траса кон европските земји, рече Новак.

Како што јави ТАСС, Новак нагласи дека во моментов Русија преговара за таа „излезна точка“ со повеќе држави и се разгледуваат различни варијанти.

- Станува збор за Грција и Бугарија, но се разбира дека пред се таа траса ќе минува низ територијата на Турција, додаде Новак.

Претходно денеска и рускиот премиер Дмитриј Медведев изјави дека Русија води преговори со неколку европски земји, со цел да се утврди која ќе биде најдобрата точка „за влез на гасоводот во Европа“.


Можеби ќе ве интересира

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9