Добивај вести на Viber
Во скопскиот хотел Холидеј Ин денеска ќе биде отворена работилница за енергетска ефикасност во јавни згради-градинки и училишта, во рамки на проектот за одржлива енергија ГЕФ„Глобален еколошки фонд).
На неа ќе се дискутира и за придобивките и практичните аспекти на проектите за енергетска ефикасност, како и за перспективите и модалитетите за идните активности во областа на енергетска ефикасност.
Работилницата е во рамки на проектот што се имплементира од страна на Министерството за економија, во соработка со Светска Банка.