29 Април, 2024
0.0462

Нов продукт на Сава Осигурување-осигурување на побарувања за сите бизнис клиенти

Објавено во: Мои пари 21 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Сава Осигурување, како компанија која повеќе од 25 години е препознатлива на македонскиот пазар по својата иновативност, исполнување на преземените обврски, професионалниот пристап и посветеноста кон клиентите, повторно нуди иновација во своето продуктно портфолио. Следејќи ги последните трендови, но особено потребите и ризиците при работењето во бизнис секторот, го дизајниравме продуктот - Осигурување на побарувања.

Нашата цел е компаниите се чувствуваат сигурни и успешно да одат кон целта.

За кои компании е неопходно осигурувањето на побарувања?


Осигурувањето на побарувањата е препорачливо за секоја компанија, но ние особено го препорачуваме за компаниите кои им овозможуваат на своите купувачи подолги рокови на плаќање и со тоа им се потребни повеќе обртни средства кои полесно ќе ги добијат од банките. Дополнително, ваквиот продукт е поволен за компаниите кои сакаат да ги подобрат условите за кредитирање, оние кои работат со купувачите со акредитиви и/или банкарски гаранции и сакаат да им понудат работење со одложено плаќање. Секако, компаниите кои работат со мал број поголеми купувачи или ограничени интерни можности за наплата особено ќе го почувствуваат бенефитот од осигурувањето на нивните побарувања. Овој продукт е особено поволен и за компаниите кои работат во сектор со ниска профитна маржа која не дозволува губитоци поради слаба наплата на побарувања, и дава можност за освојување на нови пазари.

Генералниот директор Сашо Дракуловски објаснува: „Воведувањето нов производ или услуга во портфолиото на една компанија е посебен предизвик. Сепак ние, во Сава Осигурување, ги сакаме предизвиците и секогаш со задоволство пристапуваме кон ваквите проекти. Во последниов период посветено баравме квалитетно решение за специфични ризици со кои се соочуваат деловните субјекти во делот на наплатата. Користејќи го искуството на бројни деловни луѓе од реалниот бизнис сектор, внимателно ги анализиравме последиците од ненавремено наплатени побарувања кај бизнисите. Оттаму, а во соработка со нашите партнери од Cofface PKZ Ljubljana, креиравме исклучителен осигурителен продукт наменет за заштита на компаниите кои се соочуваат со такви ризици. Сигурни сме дека овој продукт ќе претставува значаен сегмент од тековното работење на компаниите. Ние сме подготвени и им стоиме на располагање со сето знаење и капацитети.“


Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг