19 Мај, 2024
0.0262

Генетски модифицираната пченка „Смартстакс” на европскиот пазар до крајот на годинава

Објавено во: Агробизнис 19 Август, 2013

Добивај вести на Viber

До крајот на 2013 година би требало да влезе на европскиот пазар, генетски модифицираната пченка „Смартстакс" на компанијата „Монсанто".

„Смартстакс"  за неколку месеци ќе биде достапна за купувачите од Европа, иако многу експерти бараат дополнителни испитувања за овој вид на пченка.

Претпазливоста произлегува од тоа што „супер пченката“ создава отрови кои ги уништуваат инсектите, а во исто време е отпорна и на два хербицида за борба против коров.

Се уште не е познато дали токсините се штетни и за луѓето. Поединечните земји можат да забранат увоз  само ако ја загрозува националната безбедност, што за оваа пченка тешко е доказливо, пишуваат медиумите.

Откако се потпишал договор со САД, „СмартСтакс“ ќе може да ја увезува пченката од американската компанија „Монсанто“.

За Европската комисија, нема ништо спорно, па се очекува наскоро пченката да се одгледува во Европа. Досега, слични хибридни сорти беа табу тема.

Можеби ќе ве интересира

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?