ГЕРМАНЦИТЕ УАПСИЈА РУСКИ ДРЖАВЈАНИН: Планирал напад со експлозив
Објавено во: Свет 22 Август, 2018
Во Германија руски државјанин е уапсен, под сомненија за заговор за извршување на исламски екстремистички напад со експлозиви.
Канцеларијата на германскиот обвинител денеска соопшти дека 31-годишен маж по име Могамед Али К., е уапсен во Берлин и дека неговиот дом е претресен.
Обвинителите велат дека во 2016 година, тој во неговиот стан складирал „значително количество“ експлозив ТАТП, со цел да изврши напад во Германија.
Властите велат дека апсењето е поврзано со истраги во Франција против лице именувано како Клемент Баур, кое е уапсено во март 2017 година во градот Марсеј под сомненија за планирање напад во Франција.
Обвинителите велат дека германскиот Федерален суд на правдата се очекува на 23 август да донесе одлука за притвор на Могамед Али К.