Германците во Мексико и Филипини бараат негуватели
Објавено во: Економија 21 Август, 2020
Повеќе од 50.000 негуватели за стари лица ѝ се потребни на Германија.
Со оваа темпо до 2030 година би можело да има недостиг од 300.000. Министерот за здравство Јенс Спан сака да го реши овој проблем со работна сила од странство. Но, во времето на корона тоа не е многу лесно, пишува Дојче Веле.
Во средината на 2019 година министерот Спан сакаше да донесе малку повеќе свежина во офанзивата за барање работна сила. Тој прво отпатува за Косово, а потоа во Мексико за да склучи договори за вработување.
За 10 години тој број ќе се искачи на околу 300 000, проценува Германскиот совет за нега.
Веќе има 1.300 договори со работници од Мексико и Филипини.