15 Мај, 2024
0.0295

Германија со неверојатна помош од 50 милијарди евра за самовработените и уметниците

Објавено во: Свет, Корона Вирус 28 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Германија испорача неверојатен пакет помош од 50 милијарди евра за самовработените уметници и галериите, покрај останатите мали бизниси. „Уметниците не се само неопходни, туку и витални, особено сега“, соопшти министерството за култура во земјата.

Германската федерална влада им излегува во пресрет на креативните и културните сектори во земјата погодени од епидемијата Ковид-19. Според соопштението испратено за медиумите, споделено од Министерството за култура, неверојатни 50 милијарди евра (54 милијарди американски долари) поддршка ќе бидат обезбедени специјално за малите бизниси и хонорарците, вклучително и оние од културниот, креативниот и медиумскиот сектор .

Веста од министерството доаѓа за помалку од две недели откако Германија првпат го даде ветувањето за поддршка. „Ги знаеме тешкотиите, го знаеме очајот“, рече министерката за култура Моника Гритерс во изјавата. „Културниот сектор особено се карактеризира со голем дел од самовработени луѓе кои сега имаат проблеми со нивниот животен стил“. Таа рече дека сојузната влада е „целосно свесна“ за важноста на креативните индустрии, додавајќи дека „помошта ќе дојде најбрзо и со што е можно помала бирократија“

Пакетот од три дела, според изјавата на министерството и извештајот во ФАЗ, вклучува до 50 милијарди евра (54 милијарди американски долари) помош за лица кои се самовработени, како и за малите бизниси, а тоа ќе се прошири и на уметниците и мали културни бизниси. Тие наведуваат дека финансирањето ќе дојде во форма на грантови осмислени да помогнат во трошоците, како наемни места и студија за уметници. Кредитите ќе бидат исто така достапни во пакетот за да им помогнат на бизнисите да ги премостат финансиските тешкотии. Покрај лицата и организациите поврзани со уметноста, финансирањето ќе ги поддржува и медиумските претпријатија, вклучително и весниците.

Покрај финансиските стимулации, во новата иницијатива се наведува дека социјалното осигурување (вклучително осигурување од невработеност) ќе биде достапно за хонорарците - вклучително и уметниците - за период од шест месеци и трошоците за сместување ќе бидат признати за да се осигури дека „секој може да остане во нивниот сопствен дом “. За таа цел, владата инјектира дополнителни 10 милијарди евра (11 милијарди американски долари) поддршка. 

Законодавството исто така им дозволува на станарите да бидат заштитени од иселување доколку не можат да платат кирија. Кредитите исто така може да се одложат и на поединците им е дозволено да побараат од даночното биро намалување на нивните исплати или аванс за поврат на данок. 


Можеби ќе ве интересира

ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Напаѓач пукаше во Роберт Фицо

ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Напаѓач пукаше во Роберт Фицо

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?