13 Мај, 2024
0.0302

Германската економија забавува, француската со неочекуван раст

Објавено во: Свет 15 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Германија и Франција - двете најсилни економии во еврозоната и ЕУ пријавија минимален раст во третиот квартал. Додека растот на бруто домашниот производ (БДП) во Германија се забавува, францускиот БДП изненадувачки се зголеми во периодот јули-септември, соопштија светските агенции. Денес треба да бидат објавени и податоците за раст на еврозоната, кои се очекува да покажат дека европската монетарна унија е во слаба рецесија. Во третото тримесечје германската економија има раст од 0.2 проценти во однос на второто. За периодот април-јуни БДП на Германија забележа раст од 0,3 отсто, а во првите три месеци 0.5%. Аналитичарите очекуваа раст од 0.1 проценти во третиот квартал. Француската економија сепак изненадувачки се враќа кон растот, откако бруто домашниот производ се покачи за 0,2 отсто во третото тримесечје, соопшти Националниот институт за статистика (Insee). Се очекува за целата 2012 година растот да биде 0.2 проценти, ако во последниот квартал има стагнација. Тоа значи дека ќе биде потребно да се постигне раст во последните три месеци од годината, ако владата сака да ја постигне целта за раст од 0.3 отсто оваа година. Резултатите од летото ги надминуваат очекувањата на повеќето економисти и ги потврдуваат прогнозите на министерот за економија Пјер Московиси, кој неодамна изјави дека ќе има сосема мал позитивен раст во третиот квартал. Податоците се подобри и од прогнозата на Француската централна банка, која предвиде пад на БДП за 0,1 отсто.

Можеби ќе ве интересира

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници

Украина призна тактички успех на Русија во регионот Харков

Украина призна тактички успех на Русија во регионот Харков

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

Кој е Андреј Белоусов кого Путин го предложи за нов министер за одбрана?

Кој е Андреј Белоусов кого Путин го предложи за нов министер за одбрана?

ОВОЈ ЧОВЕК Е БАНКАРСКА ИНСТИТУЦИЈА: Шеф е на најголемата банка во светот, чувар на глобалната економија и го смета биткоинот за измама

ОВОЈ ЧОВЕК Е БАНКАРСКА ИНСТИТУЦИЈА: Шеф е на најголемата банка во светот, чувар на глобалната економија и го смета биткоинот за измама

РАЗМИСЛУВАТЕ ЗА СЕЛИДБА ВО АМЕРИКА? Ова се цените на куќите во 30 поголеми градови - Њујорк и Лос Анџелес не се најскапи

РАЗМИСЛУВАТЕ ЗА СЕЛИДБА ВО АМЕРИКА? Ова се цените на куќите во 30 поголеми градови - Њујорк и Лос Анџелес не се најскапи

ЛУЃЕ БЕГААТ ВО ПАНИКА, ОДРОНИ НА ПАТИШТАТА - први снимки од земјотресот во Мексико

ЛУЃЕ БЕГААТ ВО ПАНИКА, ОДРОНИ НА ПАТИШТАТА - први снимки од земјотресот во Мексико

СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС РЕГИСТРИРАН НА ГРАНИЦАТА МЕЃУ МЕКСИКО И ГВАТЕМАЛА - јачина од 6,4 степени

СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС РЕГИСТРИРАН НА ГРАНИЦАТА МЕЃУ МЕКСИКО И ГВАТЕМАЛА - јачина од 6,4 степени