17 Мај, 2024
0.0360

Германските компании уште бараат од Владата пониски царини за репроматеријалите

Објавено во: Финансии 28 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Германските стопанственици имаат уште отворени барања до Владата, за кои очекуваат дека треба да бидат решени во следниот период. Тоа на вицепремиерот Кочо Анѓушев, но и на економскиот тим министри, им го соопштиле и на последната средба, во петокот минатата недела. 

„Досега се реши голем дел од проблемите, но и двете страни се свесни дека има уште голем број на предизвици кои треба да се премостат. Владата е свесна дека законот за царинско работење е истиот уште од времето на СФРЈ и дека треба да претрпи измени како и да се прилагоди на европскиот закон. Истото важи и за Законот за работни односи, но велат дека за некои законски измени е потребно подолго време, со цел да се најде најдоброто решение, некои законски измени се носат поради не толку големата комплексност многу побргу“, вели Патрик Мартенс од Делегацијата на германското стопанство во земјава. 

Тркалезната маса се одржува на секое тромесечје и таа се покажала како успешен модел, велат од германското стопанство. 

„Директната комуникација помеѓу стопанствениците, претставници на германски и македонски компании од преработувачката индустрија и тимот на Владата задолжен за економски прашања е од заемна корист. Компаниите ги доставуваат своите прашања, предлози, идеи како и проблеми со кои се соочуваат при работењето или изготвување на конкретен проект. Економскиот тим добива директна насока кои се моменталните приоритети на стопанството како и сознанија за конкретни одредби и мерки кои создаваат потешкотии во работењето во праксата на компаниите. Бидејќи стопанствениците на тркалезните маси доаѓаат од различни стопански гранки досега на некои од нив учествуваше и премиерот Зоран Заев, Министерот за здравство Венко Филипче, директорот на Фондот за здравствено осигурување Ден Дончев, како и директорот на Царина, Ѓоко Танасоски“, велат од делегацијата. 

Ние како Делегација на германското стопанство и во иднина ќе се залагаме за позитивен развој во стопанството и сметаме дека настаните како тркалезната маса како за стопанствениците така и за Владата се вин-вин, нагласија од комората.

А како што е познато, неколку компании, кои веќе имаат производствени погони во Македонија, од поодамна реагираат дека царинските давачки за одредени репроматеријали им се високи, и бараат тие да се намалат.

Тие сметаат дека поради повисоки царини за одредени репроматеријали нивните производи губат на конкурентност.


Можеби ќе ве интересира

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот