Германските медиуми прашуваат: Каде исчезна Ангела Меркел?
Објавено во: Свет 04 Август, 2018
Германските медиуми со денови си го поставуваат истото прашање: Каде е канцеларката Ангела Меркел?
Според нив, не е новитет дека таа заминала на одмор, туку фактот што тоа не го пријавила, а и дека не е заедно со сопруот Јоахим Зaуер.
Ова крена лавина на претпоставки. Дел од медиумите сметаат дека таа поминува низ брачна криза, некои објавија дека е на семејна посета, а трети пак го оправдуваат нејзиното отсуство, со напоменување на фактот дека и таа како и секој друг човек има право на годишен одмор.
Нејзиното последно официјално појавување во јавноста беше на 28 јули на Вангер фестивалот, а следниот настан и е закажан за 20 август. Весникот „Minhner Merkur“ наведува дека Меркел била видена на опера во Минхен, но не била на посебна ложа, туку меѓу останатите посетители.