Германското „чудо“ стига во Србија
Објавено во: Балкан 06 Мај, 2019
Српскиот претседател, Александар Вучиќ утре ќе се сретне со германски инвеститори кои ќе вложуваат во високи технологии.
Засега името на инвеститорот е во тајност, не е соопштено, но се работи за голем инвеститор.
Доаѓањето на овој инвеститор ќе ја позиционира Србија многу високо на мапата за инвестирање во Европа.
Се очекува отворање на фабрика во која ќе бидат вработени и добро платени српски инженери.
Фабриката ќе биде близу Белград, јужен Банат или Срем.
Претходно Вучиќ спомна дека Панчево е идеално место за инвестирање.