17 Мај, 2024
0.0268

Ги добиваат највисоките плати во Македонија, но ќе мора да ги намалат за 30 отсто во 2021

Објавено во: Економија 09 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Сумата предвидена за бруто-примања на вработените во „Македонски навигации“, кои управуваат со контролата на цивилниот воздушен сообраќај во Македонија, во 2021 ќе се намали за 30,1 отсто, покажува финансискиот план на телото во кое општопознато е дека се доделуваат можеби највисоките просечни плати во земјата.

Поради забраната на ЕУ за летови од Македонија, приходите од наплата ќе бидат драстично намалени, па поради тоа М-НАВ ќе мора да подели само 555 милиони денари за плати. Од друга страна, проценето е дека за 2020 би се потрошиле 793 милиони денари за бруто-плати. Од таму најавуваат намалување и на другите помали трошоци.

Антикризните мерки од Управниот одбор беа донесени уште во април лани, а една од нив беше да се намалат платите за одреднеи месеци за 30 отсто. Иако тоа до сега беше незамисливо, М-НАВ годинава ќе ја заврши со загуба од 38,8 милиони денари, што ќе биде покриена во идните години.

Годишниот план покажува дека М-НАВ во 2020 бележи пад на наплатата за 56,9 отсто во однос на 2019. Затворањето на македонските аеродроми и ограничувањето на патувањето кон земјите од ЕУ, каде што авио-сообраќајот учествува со 77 отсто на национално ниво се главните причини за тоа.

М-НАВ сепак очекува стабилизирање i пораст на наплатата за 45 отсто во 2021 по изминувањето на кризната година и отворањето на границите.

- Согласно извршеното усогласување помеѓу М-НАВ АД Скопје и Агенцијата за цивилно воздухопловство на РСМ како регулаторно тело, единечната цена на прелетите во РСМ во 2021 е определена да изнесува 50,87 евра, што воедно претставува пораст од 13,1 отсто во однос на нивити во 2020 година, се вели во финансикиот план за 2021

Сепак цената на прелетите нема да биде многу повисока во однос на старите цени, ако се знае дека минатата деценија тие изнесуваа безмалку 60 евра од прелет. Од таму велат дека сумата се зголемува поради пандемијата, но и поради „Проектот за модернизација на системот за контрола на летање“.

Приходите од прелети, кои се главен извор на финансирање на контролното тело, се очекува оваа година да паднат од 950 на 645 милиони денари. Падот на вкупните приходи би бил 33,7 отсто.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА