Ги истепала свекрвата, синот, сопругот, а на крај нападнала и полицаец
Објавено во: Македонија 23 Ноември, 2022
Жена oд Велес ги истепала свекрвата, синот, сопругот и на крај полицаец.
Тепачката се случила вчеравечер во Велес.
„На 22 ноември во 19.35 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ја лишиле од слобода В.З.(40 год) од Велес. Таа, по кратка расправија, физички ја нападнала нејзината свекрва, нејзиниот малолетен син и сопругот. При интервенција на полициските службеници, В.З. физички нападнала и еден од полициските службеници, информираат од СВР Велес за Прес24.
Полицијата по целосно документирање на случајот ќе поднесе соодветна пријава.